• вторник, 05 ноември 2024

Пожар во казино во новиот дел на Велес

Пожар во казино во новиот дел на Велес

Велес, 18 јануари 2024 (МИА) - Околу 18 часот вечерва е опожарено казиното „Адмирал“ во станбена зграда во новиот дел на Велес, во месноста Багремче.

Според првичните информации од СВР Велес, во времето на пожарот внатре немало луѓе.

Во гаснењето се вклучени две противпожарни возила на ТППЕ од Велес и дваесетина пожарникари. 

Местото на пожарот го обезбедува полицијата, Засега нема опасност по становите во зградата и околните објекти. ад/бак/

Фото: МИА

 

Остани поврзан