• среда, 15 мај 2024

Пожар во зграда во Лондон, 11 повредени, повеќе од 100 евакуирани

Пожар во зграда во Лондон, 11 повредени, повеќе од 100 евакуирани

Лондон, 1 март 2024 (МИА) -Единаесет лица се пренесени во болница откако избувна пожар во зграда во луксузната лондонска населба Саут Кенсингтон, во југозападен Лондон, во близина на Природонаучниот музеј.

Лондонската противпожарна бригада на „Х“ објави дека 11 лица се лекувани поради вдишување чад и дека околу 130 жители морале да бидат евакуирани од зградата каде што избувна пожарот и од соседните згради.

На местото на настанот пристигнале 15 противпожарни возила и околу 100 пожарникари.

Околу 15 луѓе успеале да побегнат од запалената зграда пред да пристигнат пожарникарските екипи. мс/

фото: „Х“

Остани поврзан