• четврток, 26 март 2026

Пожарот во швајцарскиот бар почнал од прскалки на шишиња кои го запалиле таванот

Пожарот во швајцарскиот бар почнал од прскалки на шишиња кои го запалиле таванот

Женева, 2 јануари 2026 (МИА) – Генералната обинителка на швајцарскиот кантон Вале, Беатрис Пилу денеска изјави дека сè упатува на тоа дека пожарот во барот во Кран-Монтана почнал од прскалки ставени на шишиња шампањ кои биле премногу блиску до таванот.

Оттука, пожарот почнал многу брзо. Добиени се и анализирани видеа и интервјуирани се неколку лица, додаде таа.

И на социјалните мрежи се шири фотографија за која многумина велат дека го покажува моментот кога избувна пожарот во барот „Ле Констелејшн“ во Кран-Монтана. Фотографиите на интернет покажуваат како членови на персоналот на барот носат мотоциклистички кациги, качени на рамената на колеги и држат шишиња шампањ со прскалки.

На една фотографија се прикажани најмалку шест шишиња со запалени прскалки кренати во воздух, додека на таванот над нив се појавува оган и чад.

Експертите велат дека прскалките најверојатно ги запалиле акустичните панели на таванот – материјал што се користи за подобрување на звукот, но кој претставува сериозна опасност од пожар. Еден независен експерт за противпожарна безбедност го опиша материјалот како „пластичен бензин“. јт/ми/

Фото: Интернет

Остани поврзан