• сабота, 22 февруари 2025

Пожарот во старскиот дом е локализиран, корисниците евакуирани 

Пожарот во старскиот дом е локализиран, корисниците евакуирани 

Кавадарци, 20 јануари 2025 (МИА) - Пожарот е локализиран, корисниците евакуирани, информираат од домот за стари лица ,,Доктор Јанески", откако утринава пожар изби во објектот во кавадаречкото село Чемерско. 

-Пожарот што го зафати дел од кровот на домот е локализиран. Сите корисници безбедно се евакуирани и однесени во Општа болница, каде ќе останат неколку дена, соопштија од Домот.

Оттаму упатија голема благодарност до градоначалникот Митко Јанчев, противпожарната служба, итната медицинска помош,  директорката на болницата и сите што помогнале за сите корисници на услугите во домот, за кои сега бил обезбеден престој со истата услуга, во хотел во Кавадарци. свд/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан