• петок, 22 ноември 2024

Пожарникарот Мишевски цел работен век го поминал во ТППЕ Тетово, во пензија заминува со 35 години редовен работен стаж

Пожарникарот Мишевски цел работен век го поминал во ТППЕ Тетово, во пензија заминува со 35 години редовен работен стаж

Тетово, 29 октомври 2023 (МИА) - Пожарникарот Сашо Мишевски цел работен век го поминал во Територијалната противпожарна единица - Тетово и во пензија заминува со 35 години редовен работен стаж. Од почетник пожарникар, бил заменик командир на вод, па командир на вод 14 години и заменик командир на единица.

Мишевски се вработил на 1 јули 1988 година во тетовската противпожарна единица и оди во пензија со 57 години и четири месеци. Со оглед дека негови колеги поради бенефициите порано се пензионираат, Мишевски смета дека можеби држи и рекорд.

- Сметам дека можеби сум и сум најстар пензиониран пожарникар во Македонија и не ни чудо на Балканот бидејќи во сите други држави излегуваат во пензија како дел од централна власта или пример како дел од Министерството за внатрешни работи каде максимално е 32 години работен стаж. Со бенефициран работен стаж на секоја година добиваат дополнително по три месеци и така на 32 години стаж имаат вкупно 40 години работен стаж. Јас имам поминато точно 35 години на работа како пожарникар, од 1988 до 2023 година, вели Сашо Мишевски.

Македонските пожарникари до 2005 година биле дел од МВР пожарникарите и имале бенефициран стаж, така што на една работна година добивале по три месеци бенефициран работен стаж. Односно за 12 месеци им се сметале дека имаат поминат 15 месеци на служба односно работен стаж. 

- Од 2005 сите пожарникари се под надлежност на општините. Со тоа се сменија и правилата за пензионирање. На секои пет години работа, се намалува прагот на старосната граница односно наместо на 64 се повлекува годината на пензионирање на 63. Или ако некој помине 30 години во пожарна се одземаат шест години од старосната граница на 64 и се овозможува пензионирање на 58 години, вели Сашо.

Со оглед дека цел работен век е на едно место ги поминал редоследно сите позиции во ТППЕ Тетово. Од почетник пожарникар, бил заменик командир на вод, па командир на вод 14 години и заменик командир на единица.

- Немам бројка на интервенции во сите овие 35 години. Уште на почетокот имав тежок случај кога при тешка сообраќајка кај Желино загинаа сам возач од Жилче и брачен пар со деца. Траорна слика, а загинатите се вадеа без опрема, без апаратура, за разлика од денес. Но има и радосни примери кога ќе спречиш пожар, да не се прошири, да не дојде до големи материјални штети. Во прилика на евакуација на граѓани од зграда кога се учествуваа во спасување. Меѓу ретките во државата бевме со можност за интервенција со пена, па со тоа при пожарот во Бигорскиот манастир и спречивме уште поголема штета, вели Мишевски.

Тетовскиот пензиониран пожарникар смета дека противпожарните единица треба да бидат под централна власт.

- Под локална власт чиста партизација се води, и финансирање и опременоста на пожарникарите останува на свесноста, милоста и способноста на градоначалникот на општината, на локалната власт. Што поскоро противпожарните единици влезат под централна власт, многу ќе биде подобро и поефикасно за самата држава. Ќе владеат правилата за работа на пример во полиција. Ќе се вработуваат нови пожарникари само до одредена возраст, не може да се вработи некој на над 40 години како што се прави сега, вели Мишевски.

Тетовскиот пожарникари учел средно образование по што поминал уште една учебна година Центар за безбедност „Елисие Поповски-Марко“ во Скопје. ас/аа/

фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан