• петок, 05 декември 2025

Пожарникари се борат со голем шумски пожар на хрватскиот остров Брач

Пожарникари се борат со голем шумски пожар на хрватскиот остров Брач

Сплит, 18 август 2025 (МИА) – Голем шумски пожар избувна ноќеска на хрватскиот остров Брач, а противпожарните сили и денеска се борат со огнената стихија, јави Хрватската радиотелевизија (ХРТ).

Околу полноќ, пожарникарите добиле пријава за пожар во густа борова шума кај селото Ново Село. На терен се распоредени 43 пожарникари со 15 противпожарни возила, а утрово во гаснењето се вклучи и авион „Канадер“.

Досега изгореле околу седум хектари борова шума и ниска вегетација. Силен ветер го шири огнот и ги отежнува напорите на пожарникарите.

- Ситуацијата е задоволителна, иако сè уште не можеме да потврдиме целосна контрола, бидејќи продолжува да дува ветер, а теренот е тешко пристапен, особено на северната страна. Се надеваме дека времето ќе биде на страната на пожарникарите и дека наскоро ќе го ставиме пожарот под контрола, изјави претседателот на Доброволното противпожарно друштво на Брач, Тино Штамбук. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан