Пожарникарите од Македонска Каменица со новонабавена опрема
- Територијалната противпожарна единица во Општина Македонска Каменица ги зајакнува капацитетите со новонабавена мултифункционална алатка, во вредност од околу 900.000 денари, информира денеска градоначалникот Димчо Атанасовски.
Македонска Каменица, 31 јули (МИА) - Територијалната противпожарна единица во Општина Македонска Каменица ги зајакнува капацитетите со новонабавена мултифункционална алатка, во вредност од околу 900.000 денари, информира денеска градоначалникот Димчо Атанасовски.
Атанасовски кој беше во посета на единицата истакна дека ова претставува значаен чекор во зајакнувањето на техничката опременост и интервенциската подготвеност на противпожарната единица од Македонска Каменица.
-Оваа инвестиција е дел од континуираниот процес на подобрување на капацитетите за заштита и спасување во општината, истакна Атанасовски.

Посочи дека претходно, во месец декември, со вложување од 400.000 денари, единицата беше дополнително опремена со алуминиумски и турбо млазиници, грбни пумпи, рачни ЛЕД светилки, ПП апарати, армирани црева и водни пумпи.
-Со овие вложувања директно ја зголемуваме безбедноста на сите нас и ја подобруваме функционалноста на противпожарната единица“, нагласи градоначалникот на Македонска Каменица. вс/нд/
Фото: Димчо Атанасовски, градоначалник на Македонска Каменица