Поетска средба – разговор со академик Павле Горановиќ
- Во куќата на Уранија во Охрид денеска, во рамки на Научна и уметничка визита 2023, ќе се одржи поетска средба со истакнатиот црногорски поет, академик Павле Горановиќ, член на Црногорската академија на науките и уметностите – ЦАНУ.

Скопје, 27 август 2023 (МИА) – Во куќата на Уранија во Охрид денеска, во рамки на Научна и уметничка визита 2023, ќе се одржи поетска средба со истакнатиот црногорски поет, академик Павле Горановиќ, член на Црногорската академија на науките и уметностите – ЦАНУ.
На средбата предвидено е претставување и разговор со авторот, кој е гостин на годинашното издание на Струшките вечери на поезијата, како и читање на негови песни во превод на македонски јазик од страна на Никола Маџиров и Игор Исаковски.
Средбата ќе ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев.вј/лв/
Фото. МИА архива