• среда, 10 јули 2024

Под контрола пожарот во Струшко, се работи на целосно гаснење

Под контрола пожарот во Струшко, се работи на целосно гаснење

Струга, 10 јули 2024 (МИА) - Ставен е под контрола големиот пожар што вчера попладне ја зафати шумата во близина на струшкото село Делогожда, информира за МИА командирот на Територијалната против пожарна единициа Струга, Фети Мазари.

На терен, според него, се две возила на струшката пожарна со седуммина пожарникари, а требало да пристигне и екипа на јавното претпријатие „Национални шуми“, подружница „Јабланица“.

- Теренот не е пристапен, но засега нема опасност од ширење. Бараме начин за целосно гаснење на пожарот. Многу ни помогна гаснењето од воздух со хеликоптер на МВР, што вчера беше испратен по барањето помош од Центарот за управување со кризи, рече Мазари.

Тој посочи дека опожарена била голема површина со багрем, даб и бор, а причината за настанување допрва ќе се утврдува.

МВР соопшти дека на терен бил пратен хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, кој исфрлил над 20 тона вода и во координација со силите на терен прецизно дејствувал за гаснење на преостанатите жаришта, со што пожарот е ставен под контрола. сс/цр

Фото: МИА

видео: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан