• петок, 22 ноември 2024

Подољак: На Украина и треба повеќе оружје поради должината на фронтот

Подољак: На Украина и треба повеќе оружје поради должината на фронтот

Киев, 20 јануари 2024 (МИА) - Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, бара од сојузниците повеќе оружје за да ја помогнат одбранбената кампања на неговата земја против руската инвазија, со оглед на моменталната состојба на боиштето.

-Во оваа фаза од војната, проблемот е што бројот на оружје, беспилотни летала, гранати или артилериска муниција не е рамномерно распределен. Тоа треба да се изедначи, изјави Подољак за германскиот весник Билд, пренесува Хина.

Според него, во моментов не е потребен разговор, туку инвестиции во воено производство, наведувајќи ги „ракетите со долг дострел, беспилотните летала, гранати и артилериска муниција“. 

-Бројот на оружје треба да биде голем, додаде тој.

Подољак, кој го советува украинскиот претседател Володимир Зеленски, посочи на долгиот фронт додека неговата земја се обидува да се одбрани од руските напади во неколку правци.

-Целата линија на фронтот е долга 1.300 километри, а борбите се водат од 600 до 800 километри, рече тој.

Моменталната воена состојба, според него, е тешка бидејќи интензитетот на борбите не слабее, без разлика на климатските фактори.

Русија, сепак, не постигна значителен напредок за една година, посочи тој. 

-Русија се бори со масите, спроведена е тајна мобилизација, многу луѓе се испратени на фронтот, многу опрема е концентрирана и сето тоа треба да се уништи, објасни тој.

Тој претпоставува дека војната ќе продолжи според плановите на рускиот претседател Владимир Путин „додека не ја освои целата територија на Украина, додека не постигне доминација во Европа, додека не ги освои останатите постсоветски територии“. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан