Подигнати 30 кубни метри отпад од диви депонии во општина Чаир
- Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани неколку диви депонии лоцирани на улиците „Вуковарска“, „Серава“ и „Славеј планина“ во близина на скопското Теќе во општина Чаир.

Скопје, 9 јуни 2023 (МИА) – Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје отстрани неколку
диви депонии лоцирани на улиците „Вуковарска“, „Серава“ и „Славеј планина“ во близина на скопското Теќе во општина Чаир.
Од ЈП Комунална хигиена - Скопје информираат дека нивните екипи подигнале и транспортирале приближно 30 кубни метри кабаст и мешан комунален отпад од диви депонии.
-Станува збор за локации каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини. Апелираме до граѓаните својот комунален отпад да го одлагаат исклучиво во наменски поставените садови, а воедно Претпријатието им ја нуди можноста без плаќање паричен надоместок да ги одложат стариот неупотреблив мебел и електричните апарати во центрите за селекција лоцирани во Карпош и во Вардариште, изјави директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева. љм/дма/