• понеделник, 23 декември 2024

Подготвителна средба со аџиите од дебарското муфтиство

Подготвителна средба со аџиите од дебарското муфтиство

Дебар, 14 јуни 2023 (МИА) - Претставници на Дебарското муфтиство одржаа подготвителна средба со верниците кои годинава заминуваат во светите места Мека и Медина.

- Во еден топол братски амбиент се одржа подготвителна средба со групата аџии кои ова година ќе патуваат во светите места за да го извршат петтиот исламски столб-аџилакот. На аџиите им се дадоа сите потребни препораки и совети за да ја извршат оваа обврска  што подобро и во согласност со исламските норми и прописи, информираше имамот Орхан Зенго, секретар на муфтиството.

Тој додаде дека во петок на икиндија намаз во Саат Кула џамијата за аџиите од муфтиството ќе има дова (молитва) за испраќање во светите места. 

- Тргнувањето на годинешните аџии од нашиот град за Мека ќе биде на 17 јуни, сабота во 19 часот од пред Саат Кула џамијата до аеродром во Скопје. Во име на муфтиството на нашите аџии им посакуваме среќен пат, добро здравје, примен на аџилакот и молитвите и сигурно враќање во нивните фамилии, рече Зенго.

Од дебарското муфтиство, кое ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, годинава на аџилак ќе заминат 30 верници, наспроти минатата година кога беа 12 верници.

Како што претходно информираше за МИА, Ирсел Јакупи, генерален секретар на Исламската верска заедница од нашата држава на аџилак годинава ќе заминат 2.030 верници, што е повеќе од двојно повисока бројка од минатата година, кога во светите места беа 919 верници. вт/дма/


Фото: Дебарско муфтиство

 

Остани поврзан