• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Погба се здоби со повреда две недели откако му се приклучи на Јувентус

Погба се здоби со повреда две недели откако му се приклучи на Јувентус
Торино, 26 јули 2022 (МИА) - Пол Погба е во опасност да го пропушти почетокот на сезоната во Серија А, откако се здоби со повреда на коленото за време на предсезонскиот тренинг. Играчот од средниот ред повторно му се приклучи на Јувентус претходно овој месец, откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед. Погба првично го замени Манчестер за Торино во 2012 година, но избра да се врати на Олд Трафорд во тогашниот светски рекорд од 89 милиони фунти трансфер во 2016 година. Ова би можело да биде единствениот настап на 29-годишниот фудбалер периодов, бидејќи тој поради повредата се повлече од тренингот во Лос Анџелес во понеделникот. ар/ац/

Остани поврзан