• недела, 22 декември 2024

Повторно „краток спој“ меѓу Бен Афлек и Џенифер Лопез

Повторно „краток спој“ меѓу Бен Афлек и Џенифер Лопез

Лос Анџелес, 12 јануари 2024 (МИА) - За време на „шопинг-тура“ со сопругата Џенифер Лопез во продавница за накит деновиве на францускиот карипски остров Сан Бартелеми, Бен Афлек изгледал како „да врие однатре“, слично како и неколкупати досега кога e уловен од папараците. Размените на огорчени погледи и искрите меѓу нив двајца биле „краток спој“, којшто сепак, кусо траел, раскажува неименуван извор за „Ин тач“ (In Touch).

„За неколку минути таа ја стивна состојбата и работите се смирија. Бен обично е среќен и го прифаќа она што неговата сопруга го сака, како излегување и фотографирање, но има мигови кога тој ја достигнува својата точка на прекршување,“ вели изворот близок до двојката.

Според наводите, Џенифер и Бен се двајца неверојатно страствени личности. Неименуваниот пријател ја има таа оценка за парот кој се венча во 2022. - 18 години откако нивната прва свршувачка пропадна. Оттогаш, тие се борат да ги избегнат истите стапици и да направат бракот да им успее.

„Првиот пат кога беа заедно, нивната врска не можеше да се справи со притисоците на рефлекторите, а истите тие прашања почнуваат повторно да ги напаѓаат“, појаснува изворот.

Но, се чини, Џенифер е решена да не му дозволи да залута премногу.

„Не само што четвртиот развод би бил крајно понижувачки за неа, туку таа навистина верува дека Бен е љубовта на нејзиниот живот. Сè на сè, нивните семејства прекрасно се споија, а нивните деца се зближија“, додава изворот.

Според сè, ова е само почеток од бракот, па и двајцата се трудат, се вели, а особено Џеј-Ло „прави сè што може“ за да го спаси овој брак.  си/ссм/

Фото: МИА архива

Остани поврзан