• вторник, 25 јуни 2024

Повреден или болен кит во близина на атинското крајбрежје

Повреден или болен кит во близина на атинското крајбрежје
Атина, 28 јануари 2022 (МИА) – Посебен вид на кит, утрово беше забележан во близина на една од плажите во Атина, во длабочина што не надминува 50 до 60 метри и сè уште е непознато дали китот е повреден или болен и залутал во плиткото на само неколку метри од брегот, јави дописничката на МИА од Атина. На лице место  пристигна крајбрежната служба, ветеринари и нуркачи за да изнајдат начин да му помогнат. Веќе му земаа крв и се прават испитувања за да се открие причината зошто китот стигнал толку плитко. Според заменик-министерот за животна средина на Грција Јоргос Амирас, конкретниот вид на китови живее во голема длабочина од еден до три километри и со фактот што сега се наоѓа на само неколку метри, значи дека постои голем проблем -Веројатно животното е болно, не знам дали е повредено, затоа сега го сликаме за да видиме дали има повреда. Првично, се чини дека ситуацијата е тешка. Овие животни се викаат Зифиус, тоа е вид на кит што живее на длабочина од над еден километар. Со фактот што стигна во толку плитко, значи дека животното има голем проблем, рече Амирас за грчката телевизија „Опен“. Китот веќе неколку часа е на истото место, а потребно е да остане таму се додека не излезат резултатите од испитувањата.ср/  Фото: АНА-МПА

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан