• вторник, 27 февруари 2024

Повредени пет лица, меѓу кои три деца во напад со нож во Даблин

Повредени пет лица, меѓу кои три деца во напад со нож во Даблин

Даблин, 23 ноември 2023 (МИА) - Пет лица, меѓу кои три деца, се повредени денеска во напад со нож во близина на училиште во центарот на Даблин, јавија локалните медиуми. 

Нападот се случил нешто по 13 часот по локално време во близина на плоштадот Парнел, а повредените се хоспитализирани во различни болници низ градот.

Осомничениот маж е уапсен. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан