• четврток, 21 ноември 2024

Повредена 53-годишна работничка во фабрика во Скопје

Повредена 53-годишна работничка во фабрика во Скопје

Скопје, 10 јуни 2023 (МИА) - На Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје вчера со повреди била донесена Љ.С.(53) од Скопје.

Како што соопшти МВР, од болницата вчера случајот бил пријавен во СВР Скопје.

Според пријавеното, Љ.С. се здобила со повредите при извршување работни задачи во фабрика во индустриската зона Бунарџик.

За настанот бил известен трудов инспектор. мд/хс/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан