• понеделник, 04 ноември 2024

Повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставен суд

Повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставен суд

Скопје, 24 јануари 2023 (МИА) – Предлогот за кандидатот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставниот суд е повлечен, согласно тоа беше исцрпен дневниот ред од 13. седница на Комисијата за избор и именувања и расправата во Собранието на Република Северна Македонија заврши.

Денешната расправа беше 25 продолжение на 13.седница на Комисијата на која се одвиваше дебата за кандидатот за уставен судија Љубомир Јовески, кој во меѓувреме се пензионираше и веќе не е јавен обвинител.

Јовески беше еден од кандидатите предложени од СДСМ за работа во Уставниот суд.

Уставниот суд подолг период работи во некомплетен состав, бидејќи постапката за избор на нови членови заглави во Собранието. ар/аа/
Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан