• сабота, 21 декември 2024

Повисоки цени на пивото на Октоберфест

Повисоки цени на пивото на Октоберфест

Минхен, 5 јyли 2024 (МИА) - Инфлацијата не го заобиколува ниту познатиот фестивал на пивото Октоберфест што секоја година се одржува во Минхен, Германија. Имено, на официјалната страница на фестивалот се појавија новите цени.

Нормално, цените на пивото се движат меѓу 7,70 и 12,80 евра, но на Октоберфест пивото е поскапо поради дополнителните трошоци. Годинава ќе се движат меѓу 13,60 и 15,30 евра, што е за 3,87 отсто повеќе од лани кога беа од 12,60 до 14,90 евра.

Покрај пивото поскапуваат и безалкохолните пијалаци. Лимонадата ќе поскапи од 11,17 на 11,67 евра, а литар вода во шише - од 10 на 10,5 евра. Според порталот „Индекс“, на чешмите бесплатно ќе се добива вода.  си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан