• понеделник, 23 декември 2024

Повик за закуп на штандови за претстојниот новогодишен базар во Крива Паланка

Повик за закуп на штандови за претстојниот новогодишен базар во Крива Паланка

Крива Паланка, 24 ноември 2022 (МИА) – Објавен е јавниот повик за изнајмување монтажно – демонтажни објекти во центарот на Крива Паланка по повод новогодишните и Божикни празници и базарот што втора година по ред ќе се реалзизира во општината.

Општина Крива Паланка ги повика сите правни и физички лица кои се заинтересирани за изнајмување на продажен штанд на претходно утврдени локации и поставени монтажно – демонтажни објект во центарот на градотза периодот од 20 декември 2022 година до 20 јануари 2023 година да поднесат барање во период од пет дена.

-Сите заинтересирани потребно е да поднесат барање до Одделение за урбанизам, сообраќај и заштита на животната средина при Општина Крива Паланка, по што ќе биде одреден временскиот период на изнајмување на штандот, по претходно платена административна такса и платена комунална такса за користење на јавни површини, како и надомест за закуп на јавен просторобјект. Корисникот на продажен штанд има обврска да ги плати режиските трошоци за електрична енергија за нормално функционирање на објектот. Доколку барањето се поднесува за изнајмување на продажен штанд за храна, во тој случај е потребно да се има во предвид Законот за безбедност на храната и да се постапува согласно на истиот, инфорираат од Општина Крива Паланка.

Штандовите можат да послужат за продажба на пијалоци, храна, топли напитоци, новогодишни украси и подароци, ракотворбииграчки и облека.

Поставените објекти имаат можност за работно време од 10 до 22 часот, секој ден, а одредувањето на локацијата ќе се спроведе по принципот „Прв дојден, прв услужен“.ид/

Остани поврзан