Повеќе од 550 мигранти спречени да влезат во Велика Британија
- Британските власти приведоа 378 мигранти вчера, додека француските власти спречија уште 178 да стигнат до Велика Британија
Лондон, 26 јули 2021 (МИА) - Британските власти приведоа 378 мигранти вчера, додека француските власти спречија уште 178 да стигнат до Велика Британија.
Британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, ја повтори својата „цврста решеност“ да се спречат таквите обиди, објави „Гардијан“.
- Британската полиција приведе 378 лица во 12 одделни инциденти, а француските колеги ги запреа преостанатите мигранти на пет локации, соопшти Министерството за внатрешни работи на Велика Британија. ми/