• петок, 15 ноември 2024

Повеќе од 50.000 згради уништени или тешко оштетени во разорните земјотреси во Турција

Повеќе од 50.000 згради уништени или тешко оштетени во разорните земјотреси во Турција
   
   

Анкара, 15 февруари 2023 (МИА) - Турските власти денеска соопштија дека вкупно 50.576 згради биле урнати или сериозно оштетени по двата разорни земјотреса минатата недела, јави ДПА.

Во извештајот на турското Министерство за урбанизам се наведува дека сите тие опасни градби мора итно да се отстранат.

Досега, властите проверија над 387.000 згради во десетте погодени окрузи во југоисточна Турција. Најмногу објекти што треба итно да се урнат има во градот Газиантеп – речиси 12 илјади. Следува Хатај со 10.911 и Кахраманмараш со 10.777.

Двата разорни земјотреса на 6 февруари беа проследени со 3.858 последователни потреси со интензитет поголем од 5 степени според Рихтеровата скала, соопшти турската цивилна одбрана. паг/

Остани поврзан