• петок, 05 јули 2024

Повеќе од 50 приведени за време на демонстрациите во Вашингтон за мир на Блискиот Исток

Повеќе од 50 приведени за време на демонстрациите во Вашингтон за мир на Блискиот Исток

Вашингтон, 12 декември 2023 (МИА) - Американската полиција уапси повеќе од 50 луѓе во Вашингтон кои се собраа да го повикаат раководството на САД да се залага за траен мир на Блискиот Исток.

Активистите на американската кампања за палестинските права, потоа на еврејскиот глас за мир, како и други собрани на овој протест, носеа маици со слоганот „Инвестирајте во животот“ и побараа Конгресот да го отфрли предлогот на американскиот претседател Џо Бајден за нова финансиска помош за Израел.

Тие побараа од американската влада да ги пренасочи средствата кон домашните приоритети наместо да го вооружува Израел.

-Полицијата насилно ги прекина демонстрациите одржани во канцеларијата на американскиот Сенат и приведе 51 лице, јавуваат американските медиуми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан