• недела, 22 декември 2024

Повеќе од 30 лица останаа заробени во Замбија по уривање на рудник

Повеќе од 30 лица останаа заробени во Замбија по уривање на рудник

Лусака, 1 декември 2023 (МИА) – Повеќе од 30 луѓе останаа заробени при уривање на рудник во Замбија, соопштија локалните власти.

Министерот за внатрешни работи и внатрешна безбедност Џек Мвимбу изјави во парламентот дека инцидентот се случил во градот Чингола, во регионот богат со бакар во Замбија.

- Имаме повеќе од 30 луѓе под урнатините и се бориме да ги извадиме, рече министерот и додаде дека спасувачките екипи се на терен.

Министерот за развој на рудници и минерали Пол Кабусве од местото на настанот изјави дека сè уште никој не е пронајден и не се знае точно колку луѓе се заробени.

Не беше кажано дали се работи за „неформални рудари“, но овој тип на рударство е вообичаен во Чингола.

Замбија е меѓу првите 10 производители на бакар во светот. Во Чингола се ископува и кобалт. јт/

Фото: Х

Остани поврзан