• петок, 22 ноември 2024

Повеќе од 200.000 тони пластика годишно протекуваат во Средоземното Море

Повеќе од 200.000 тони пластика годишно протекуваат во Средоземното Море
Малага, 27 октомври 2020 (МИА) - Секоја година 229.000 тони пластика стигнуваат до Средоземното море, што е еднакво на повеќе од 500 бродски контејнери секој ден, објавено е во најновата студија на шпанската Меѓународна унија за зачувување на природата (ИУЦН). Се наведува дека ако нешто не се направи итно, до 2040 година, таа количина пластика ќе се зголеми двојно. Студијата е направена со комбинирање податоци од различни истражувања и со употреба на методологија за отисоци од морски пластичен материјал, а утврдено е дека пластиката стигнува до Средоземното море од 33 земји. Директорката на ИУЦН за морски и поларни програми, Мина Епс рече дека пластиката може да предизвика долгорочно оштетување на копнените и морските екосистеми и биодиверзитетот. Според неа, морските животни можат да се заплеткаат или да голтаат пластичен отпад и на крајот да угинат од исцрпеност и глад. Според извештајот, Египет (околу 74.000 тони годишно), Италија (34.000 тони) и Турција (24.000) испуштаат најмногу пластика во Средоземното море, главно поради големите количини на лошо управуван отпад и големото крајбрежно население. паг/

Остани поврзан