• петок, 22 ноември 2024

Повеќе од 100 милиони евра казни за кршење на прописите за заштита на личните податоци

Повеќе од 100 милиони евра казни за кршење на прописите за заштита на личните податоци
Брисел, 20 јануари 2020 (МИА) – Европските регулатори од средината на 2018 година изрекле парични казни во вкупен износ 114 милиони евра поради кршење на прописите за заштита на личните податоци. Највисока поединечна казна од 50 милиони евра изрече Франција за Гугл. Додека највисока поединечна казна предложи британскиот регулатор од 183 милиони фунти за авиокомпанијата „Бритиш ервејз“ поради кражба на личните податоци на половина милиони клиенти. Општата регулатива за заштита на податоците (ГДПР) воведена е со цел да се заштитат личните податоци и предвидени се строги казни ако компаниите изгубат контрола над податоците или пак ги обработуваат без согласност на клиентот. Регулаторите теоретски можат да казнат компанија со два до четири отсто од нејзините глобални приходи, но во пракса се докажа дека високите казни „не проаѓаат“ на суд. ми/  

Остани поврзан