Повеќе градежни зафати во Општина Градско
- Започнаа градежни активности за реализација на проектите „Реконструкција на крак од улица во село Ногаевци и Реконструкција на крак 14 во село Виничани“ со вкупна во должина од 155 метри и „Реконструкција на крак 7 во село Виничани“ во должина од 194 метри.
Велес, 11 септември 2025 (МИА) - Започнаа градежни активности за реализација на проектите „Реконструкција на крак од улица во село Ногаевци и Реконструкција на крак 14 во село Виничани“ со вкупна во должина од 155 метри и „Реконструкција на крак 7 во село Виничани“ во должина од 194 метри.
Како што информира градоначалникот Киро Нацков, средствата се обезбедени од општинскиот буџет.
-Планираме реконструкција на улици и во другите населени места во општината, како и на водоводни и канализациони мрежи . Целтта е да овозможиме подобри услови за живот на сите жители во населени места во Општина Градско, потенцира Нацков.
ад/сст/