Победникот на Светското клупско првенство ќе добие повеќе од 100 милиони долари
- Првото Светско клупско првенство на ФИФА, со 32 екипи, кое ќе се игра во САД од 14 јуни, ќе има награден фонд од дури милијарда долари, а победникот ќе инкасира повеќе од 100 милиони долари, објавија организаторите.

Мајами, 21 март 2025 (МИА) - Првото Светско клупско првенство на ФИФА, со 32 екипи, кое ќе се игра во САД од 14 јуни, ќе има награден фонд од дури милијарда долари, а победникот ќе инкасира повеќе од 100 милиони долари, објавија организаторите.
Главни фаворити се секако европските екипи, пред се Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Сити и Баерн, но ќе имаат голема конкуренција од најдобрите јужноамерикански екипи Фламенго, Палмеирас, Флуминенсе, Бока Јуниорс и Ривер Плата.
Пласман на Светското првенство во фудбал обезбедија следните:
КОНКАКАФ: Монтереј, Леон, Пачука (Мексико), Сиетл, Интер Мајами (САД).
КОНМЕБОЛ: Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе, Бока Јуниорс, Ривер Плата.
УЕФА: Челси, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн, ПСЖ, Дортмунд, Порто, Атлетико Мадрид, Бенфика, Јувентус, Ред Бул Салцбург.
АЗИЈА: Ал-Хилал, Урава Ред Дајмондс, Ал-Аин, Улсан.
АФРИКА: Ал-Ахли, Вајдад Казабланка, Есперанс, Мемелоди.
ОКЕАНИЈА: Окленд. дс
Фото: X