Победи за домашните екипи на двете денешни прволигашки средби
- Два натпревара се одиграа попладнево од 22.коло во Првата македонска фудбалска лига. Бодовите ги освоија домашните екипи.
Скопје, 8 март 2026 (МИА) – Два натпревара се одиграа попладнево од 22.коло во Првата македонска фудбалска лига. Бодовите ги освоија домашните екипи.
Постигнати резултати:
Башкими – Македонија ЃП 2:0
Тиквеш – Пелистер 1:0.
Вчера, Струга го совлада Шкупи со 5:0.
Двојките за другите натпревари од оваа рунда се:
Силекс – Вардар (9 март)
Шкендија – АП Брера (9 март)
Работнички – Аресими (10 март).
Водечките три екипи на табелата се Вардар со 52 бода, Шкендија има 51, Струга 47. зс/
Фото: ЕПА