• недела, 17 ноември 2024

ПМФЛ: Шкупи поразен во Штип

ПМФЛ: Шкупи поразен во Штип
Скопје, 30 април 2022 (МИА) – Шампионот Шкупи со пораз се враќа од гостувањето вечерва кај штипска Брегалница (1-4), додека Шкендија ја искористи предноста на домашниот терен и минимално (1-0) го совлада Работнички во рамки на 30. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Преостанатите четири натпревари се на програмата утре, а дербито на колото се игра во Скопје меѓу Македонија ЃП и Академија Пандев. Борец е домаќин на Скопје, Пелистер го пречекува Тиквеш, додека Струга ќе ја нагости Ренова. Табела: Шкупи 71 (+1), Шкендија 59(+1), Академија Пандев 58, Македонија ЃП 53, Брегалница 42 (+1), Струга 39, Ренова 38, Работнички 37 (+1), Тиквеш 30, Скопје 29, Борец 18, Пелистер 10. ег/мд/

Остани поврзан