• недела, 22 декември 2024

ПМФЛ: Шкупи и Македонија ЃП ремизираа, останува трката за третото место

ПМФЛ: Шкупи и Македонија ЃП ремизираа, останува трката за третото место
Скопје, 1 мај 2021 (МИА) – Во Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа шесте натпревари од 31. коло по кое останува неизвесна трката за третата позиција која обезбедува учество во евро-куповите следната сезона. Новиот шампион Шкендија загуби на домашен терен од Струга, Шкупи и Македонија ЃП одиграа нерешено и останаа на исто растојание на табелата. Вардар уште еднаш е поразен и во последните две кола само теорија го спасува од испаѓање. Резултати: Пелистер – Академија Пандев 3:1 Ренова – Беласица 3:1 Шкендија – Струга Трим Лум 0:2 Шкупи – Македонија ЃП 0:0 Силекс – Борец 1:1 Вардар – Работнички 1:3. Табела: Шкендија 71 бода, Шкупи 57, Македонија ЃП 52, Струга 51, Работнички 44, Пелистер 41, Борец 37, Силекс 36, Ренова 35, Академија Пандев 35, Вардар 31, Беласица 17. зс/

Остани поврзан