• вторник, 30 април 2024

ПМФЛ: Убедливи победи на Струга и Шкендија 

ПМФЛ: Убедливи победи на Струга и Шкендија 

Скопје, 15 април 2023 (МИА) – Лидерот „Струга“ очекувано ја совлада на домашен терен последнопласираната „Победа“ со 6-2 во еден од петте натпревари од денешното комплетно 27. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) .

Во преостанатите натпревари, второпласираната „Шкендија“, исто така, беше убедлива пред своите гледачи против „Тиквеш“ со 4-1, „Работнички“ минимално 1-0 го совлада градскиот ривал „Скопје“, додека без голови завршија натпреварите меѓу Македонија ЃП - Академија Пандев и Силекс - Брегалница.

Слободен во ова коло беше „Шкупи“.

Табела: Струга 30, Шкендија 47,Шкупи 45, Силекс 40, Брегалница 37, Македонија ЃП 33, Тиквеш 30, Работнички 28, Академија Пандев 22, Скопје 18, Победа 13. ег/бак/

Фото: ФФМ

Остани поврзан