• сабота, 18 мај 2024

ПМФЛ: Работнички ја отвори сезоната со триумф над Шкупи

ПМФЛ: Работнички ја отвори сезоната со триумф над Шкупи

Скопје, 7 август 2023 (МИА) – Фудбалерите на Работнички го совладаа вечерва Шкупи со 3-1 (1-0) во градската пресметка со која се комплетираше воведното коло од новата сезона во Првата македонска ФУДБАЛСКА лига (ПМФЛ).

Стрелци во триумфот на Работнички беа Мазари (1 минута), Мурати (82 од пенал) и Стојановски (90+6),додека почесниот гол за Шкупи го постигна Илиески (62).

Претходно во неделата, бранителот на титулата Струга, како и Брегалница, Тиквеш и Брера Струмица исто така, стартуваа со домашни победи, додека Шкендија ја забележа единствената победа.

ПМФЛ, Резултати – 1 коло

Брера Струмица – Вардар 1-0

Брегалница – Силекс 2-1

Струга – Гостивар 2-0

Тиквеш – Македонија Ѓорче Петров 1-0

Воска – Шкендија 0-1

Работнички – Шкупи. ег/свс/

Фото: ФК Работнички/Фејсбук

Остани поврзан