• среда, 15 мај 2024

ПМФЛ: Брегалница и Шкендија го отвораат 15. коло

ПМФЛ: Брегалница и Шкендија го отвораат 15. коло

Штип, 25 ноември 2023 (МИА) – По двонеделна пауза поради завршницата во групната фаза во квалификациите за ЕУРО 2024, овој викенд продолжуваат натпреварите во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Во увертира на 15 прволигашко коло, претпоследнопласираната Брегалница попладнево од 13 часот ја пречекува Шкендија во обид против тетовскиот состав кој е на второ место на табелата да ја прекине серијата од четири натпревари без победа.

Во истиот термин в недела ќе се комплетира колото со преостанатите пет дуели меѓу Работнички – Гостивар, Шкупи – Македонија ЃП, Силекс – Вардар, Струга – Воска и Тиквеш – Брера.

Табела: Шкупи 28, Шкендија 28, Струга 27, Силекс 23, Брера 19, Работнички 19, Гостивар 18, Тиквеш 16, Воска 16, Македонија ЃП 15, Брегалница 14, Вардар 11. ег/дма/

Фото: Брегалница/Фејсбук

Остани поврзан