• понеделник, 18 ноември 2024

Пленковиќ: Не е реално сите земји кандидати заедно да влезат во Европската Унија

Пленковиќ: Не е реално сите земји кандидати заедно да влезат во Европската Унија

Гранада, 6 октомври 2023 (МИА) – Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека не е реално сите земји-кандидати заедно да влезат во Европската унија, ниту да има голем бран кога станува збор за прифаќање нови членки.

- Убеден сум во тоа. Единствено и исклучиво политиката на индивидуални заслуги на секоја земја треба да биде фундаменталниот принцип на процесот на проширување, бидејќи ако почнеме сето тоа да го ставаме на купче, тогаш некаде критериумите секогаш ќе бидат олеснети, а некаде ќе се заострат, изјави Пленковиќ по самитот на ЕУ во Гранада.

Тој додаде дека за Хрватска, Босна и Херцеговина е „најважната земја во однос на надворешната политика од сите соседни земји“. јт/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан