• петок, 22 ноември 2024

Пленковиќ: Блинкен изрази загриженост и поддршка по падот на дрон во Загреб

Пленковиќ: Блинкен изрази загриженост и поддршка по падот на дрон во Загреб
Загреб, 14 март 2022 (МИА) - Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ  вечерва разговараше со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој ја „изрази својата загриженост и поддршка по падот на дронот во Загреб“ и неговата „подготвеност да го заштити небото на Хрватска заедно со НАТО“. „Вечерва разговарав со државниот секретар Блинкен, кој ме повика за да ја изрази својата загриженост и поддршка по падот на дронот во Загреб и подготвеноста да помогне во заштитата на нашето небо заедно со НАТО“, напиша Пленковиќ на владиниот профил на Твитер. Дрон од советско производство се урна во четвртокот вечерта по 23 часот во загрепската населба Јарун. Во хрватскиот воздушен простор влегол од Унгарија, а таму од Романија. Како што изјави денеска хрватскиот премиер, во авионот имало експлозив, а со дополнителна истрага треба да се утврди кој и на кој начин го лансирал проектилот кон Хрватска и дали се работи за грешка, саботажа или намера. Пленковиќ на Твитер напиша и дека Блинкен ја поздравил јасната поддршка на Хрватска за Украина и напорите за прифаќање на украинските бегалци. паг/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан