• недела, 22 декември 2024

Плевнелиев: Евроатлантските партии имаат уставно мнозинство во новиот бугарски парламент

Плевнелиев: Евроатлантските партии имаат уставно мнозинство во новиот бугарски парламент
Софија, 24 октомври 2022 (МИА) – Росен Плевнелиев, по завршувањето на серијата состаноци предводени од Контакт групата за зближување на бугарските парламентарни партии, соопшти дека евроатлантските партии имаат уставно мнозинство во 48 Народно собрание, но се крајно спротивни една на друга. Како што јави дописникот на МИА од Софија, поранешниот претседател на Бугарија Росен Плевнелиев и поранешниот министер за надворешни работи Соломон Паси денеска разговараа со Движењето за права и слободи. Плевенелиев презентираше нацрт-декларација, која ќе ја поднесе во парламентот со надеж дека ќе се расправа во Народното собрание на Бугарија. Во однос на внатрешната политика во Бугарија, според документот на Плевнелиев, партиите треба да вложат напори за враќање на духот на парламентаризмот, за отстапување на лидерството и дијалогот, како и за активен парламент и редовна влада. Ќе се поддржи целосна борба против корупцијата во работата на администрацијата, а сите договори и тендери ќе бидат јавни. Според Плевнелиев, најефикасната борба против корупцијата во Бугарија е транспарентноста пред јавноста. Се обединуваме за сеопфатна реформа во правосудниот сектор. Тие ќе го поддржат спроведувањето на законските реформи, со широка дискусија што ќе се организира во рок од 5 месеци, вклучително и со Венецијанската комисија, а судските реформи во Бугарија ќе се спроведат во рок од една година. Контакт групата ја осудува идејата за целосна промена на моделот за воведување претседателска република во Бугарија. Таа ја изрази својата силна политичка волја за понатамошна интеграција на Бугарија во ЕУ и НАТО, како и членство во Шенген и Организацијата за економска соработка. Истовремено, Групата ја поддржува модернизацијата на бугарската армија, одобрувањето на вториот дел од купувањето на американскиот авион Ф-16 Блок 70. Ја осудува руската агресија и нелегалната анексија на украинските територии и повикува на поддршка од Бугарија за воена и друга помош за Украина. Во исто време, во декларацијата, се бара од новото Народно собрание на Бугарија да апелира до Русија веднаш и безусловно да се повлече од окупираните украински територии. „Со чесно лидерство и конструктивен пристап ќе ги исполниме очекувањата на бугарските граѓани“, се вели во декларацијата подготвена од Контакт групата предводена од поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев. Тој порача дека сакаат функционален бугарски парламент. Целта на документот, според него, е да биде основа за дебата и размена на идеи и одлуки во Народното народно собрание на Бугарија и со него се надеваат дека ќе придонесат за формирање работна бугарска влада со кој било мандат. На крајот сакаат работен парламент на Бугарија, рече и Плевнелиев. Соломон Паси изјави дека бидејќи геополитиката ја диктира агендата на Бугарија и светот, таа повторно ќе биде одлучувачка. Според него, сите оние кои сакаат да ја видат Бугарија на патот по кој оди 33 години треба да се стремат кон евроатлантските вредности. нк/

Остани поврзан