• недела, 22 декември 2024

Планирачка конференција за големата претстојна НАТО вежба „Северна Македонија 2021“

Планирачка конференција за големата претстојна НАТО вежба „Северна Македонија 2021“
Скопје, 16 јуни 2021 (МИА) - На денешната Планирачка конференција за големата претстојна НАТО вежба „Северна Македонија 2021“ во Охрид, беа истакнати осознаените согледувања, насоките со сублимирање на заклучоците за реализација на предвидените НАТО активности и за улогата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) како лидер во организацијата и домаќин во име на државата. -Од македонска страна во Охрид, ќе се разгледуваат осознаените согледувања, насоките со сублимирање на  заклучоците за реализација на предвидените НАТО активности и за улогата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) како лидер во организацијата и домаќин во име на државата, истакнал на денешната Планирачката конференција за големета претстојна НАТО вежба „Северна Македонија 2021“, директорот на вежбата, д-р Урим Вејсели. Како што информираат од Центарот за справување со кризи тој нагласил дека по непосредното теренско посетување на работните плански места што се точки со конкретни објекти сценариа со извежбување на конкретни субјекти од Системот за управување со кризи во соработка со НАТО силите, се сублимираат заклучоците за оперативна реализација на вежбата во две работни групи: Штабна работна група и Теренска работна група. -Соред теренските и конференциски согледувања на сценариските вежбовни задачи се планираат и глоблните менаџирања на раководење, а и деталите за барање и спасување, поддршката и логистиката, цивилно – воената координација, искустено осознавање и работа преку виртуалната реалност, можностите за прекуграничен транспорт во спасувачки мисии, употреба на НИКС – Напредна генерација Команден систем за управување со инциденти што Центарот за управување го развива во Македонија и во Регионот, координација на заеднички воздушни активности со воздухоплови без екипаж (квадкоптери - дронови) и други можности и ситуации важни при координирана акција при катастрофи, стои во соопштението Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, при своето обраќање посочил при своето обраќање со почетокот на Планирачката конференција за претстојна НАТО вежба „Северна Македонија 2021“ во Охрид се отвора ново поглавје во државава за надоградување на Системот за управување со кризи и дека за Центарот за управување со кризи како дел од безбедносниот систем, членството во НАТО е придобивка сама по себе. Според него можноста за збогатување на знаењата и продлабочување на искуствата, да се тренира и учи под знамето на НАТО значи да се биде дел од интегриран и високо – обучен систем на чија поддршка може да се смета во секое време и во секоја ситуација. -Во овој контекст, ЦУК во голема мера се обиде да создаде ефикасен систем за управување со кризи, истовремено обезбедувајќи функционално единство на националните институции, локалната самоуправа, невладиниот сектор и академската заедница. Вклученоста во претстојната НАТО вежба би требало да претставува привилегија за сите учесници, бидејќи претставува одлична можност за поддршка на националните власти и градење на нашите капацитети преку подобрување на готовноста при природни катастрофи и катастрофи предизивикани од човек, подобрување на планирањето, превенцијата и одговорот, и со тоа ќе се зајакнат националните капацитети за одговор при итни ситуации и да се има подобри можности за спасување човечки животи, се наведува во соопштението од ЦУК.свс/скс/  

Остани поврзан