Планинарски клуб „Љуботен“ организира 70. традиционален Илинденски слет на Лешница 2025
- Во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово на 2 август (сабота) ќе се одржи јубилејното 70-то издание на Илинденски слет на Лешница. Оваа планинарска тура до месноста Лешница на Шар Планина е планирано да почне од Попова Шапка, а враќањето кон друга патека што води до планинското село Бозовце.
Тетово, 29 јули 2025 (МИА) - Во организација на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово на 2 август (сабота) ќе се одржи јубилејното 70-то издание на Илинденски слет на Лешница. Оваа планинарска тура до месноста Лешница на Шар Планина е планирано да почне од Попова Шапка, а враќањето кон друга патека што води до планинското село Бозовце.

- Поради забраната за движење во шумски појас, пријавувањето е задолжително. Секој учесник треба да обезбеди храна предвидена за планинарска тура до 8 часа, како и да има соодветна планинарска опрема, напомнуваат од клубот.
Пријавувањето може да се изврши со пополнување на формулар за пријавување и на официјалната имејл адреса на клубот, најдоцна до петок до 12 часот. Тргнувањето в сабота е од пред просториите на ПК Љуботен со комби превоз до Попова Шапка од 7 часот. За враќањето предвидено е тргнување од Бозовце со комби превоз до Тетово во 16 часот.
Годинава ПК Љуботен бележи и 100 години од основањето. ас/лв/
фото МИА и ПК Љуботен