• петок, 05 декември 2025

Плакета за градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски по повод двојниот јубилеј на СОУ ,,Миле Јаневски - Џингар"

Плакета за градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски по повод двојниот јубилеј на СОУ ,,Миле Јаневски - Џингар

Македонска Каменица, 28 април 2025 (МИА) - Во Македонска Каменица денеска е одбележан двојниот јубилеј на Средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар“, 15 години од неговото постоење и патрониот празник на училиштето.

Во своето обраќање пред присутните градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски го нагласи значењето на името што училиштето гордо го носи – Миле Јаневски Џингар. 

-Тоа име е повеќе од симбол; тоа е завет за Македонија кој силно одекнува во нашите срца. Неговата безрезервна жртва за татковината и на вредностите што тој ги олицетворува – должност, храброст и патриотизам, се наша должност да ги пренесуваме кон идните генерации. Токму затоа, нагласив дека нашето училиште и професорите имаат најблагородната мисија – не само да едуцираат, туку и да ги воспитуваат младите во духот на овие вредности, да ги поттикнат да бидат чесни и одговорни граѓани, истакна Атанасовски.

Во име на локалната самоуправа потврди дека останува целосно посветен на континуирано подобрување на условите за образование.

-Цврсто верувам дека вложувањето во квалитетно образование е единствениот пат кон просперитетна иднина за Македонска Каменица и нашата татковина Македонија. Исто така, во своето обраќање пред присутните, во мое лично име и во име на сите граѓани на Општина Македонска Каменица, упатив најискрени честитки до училиштето за значајниот 15-годишен јубилеј и патрониот празник, посакувајќи им уште многу успешни генерации, знаење и достигнување, подвлече Атанасовски. 

Во рамки на свеченоста, во име на Општина Македонска Каменица, Атанасовски прими плакета доделена за поддршка и особен придонес во развојот на училиштето, за што изрази искрена благодарност. вс/дма/


Фото: Општина Македонска Каменица
 

Остани поврзан