• петок, 05 декември 2025

Писателот Стефан Марковски на книжевна резиденција во Франција 

Писателот Стефан Марковски на книжевна резиденција во Франција 

Брисел, 11 октомври 2023 (МИА) - Македонскиот писател Стефан Марковски престојува во книжевна резиденција во францускиот град Руен, во чии рамки ќе оствари средби со претставници на тамошната книжевна и културна заедница. 

Резиденцијата се одржува во познатиот руиниран манастир Жумијеж во непосредна близина на градот Руен во регионот Нормандија, кој е кандидат за Европска престолнина на културата за 2028 година, титула што ќе ја дели со Скопје и Чешке Будијовице, како и родно место на важни имиња во француската литература, меѓу кои и Пјер Корнеј, Гистав Флобер и Морис Леблан. 

На почетокот од месецот, гостинка во Жумијеж беше Ани Ерно, француска писателка и добитничка на Нобеловата награда за литература за 2022 година. 

Марковски е прв писател од Балканот вклучен во резиденцијалната програма „Валден“, инспирирана од истоименото дело од американскиот трансцеденталист Хенри Дејвид Торо. сп/лв/

Фото: МИА

Остани поврзан