• понеделник, 23 декември 2024

Писателка Софи Кинсела се лекува од рак на мозокот

Писателка Софи Кинсела се лекува од рак на мозокот

Лондон, 18 април 2024 (МИА) - Британската писателка Софи Кинсела објави дека ѝ бил дијагностициран рак на мозокот. Таа на Фејсбук напиша и дека добива „одлична нега“ при лекувањето.

- Кон крајот на 2022 година ми беше дијагностициран глиобластом - облик на агресивен рак на мозокот. Не сакав да го откријам тоа јавно, бидејќи сакав моите деца да имаат време да ги дознаат и обработат вестите во приватност и да се прилагодат на нашата „нова нормалност“, напиша таа.

Писателката чие вистинско име е Медлин Софи Викам, е можеби најпозната по серијата книги „Шопахолик“ (Shopaholic).

Во известувањето таа вели и оти била подложена на хемотерапија и радиотерапија, што сѐ уште се во тек. На крајот, им се заблагодари на читателите за „прекрасниот одѕив“ за нејзиниот последен роман „Прегор“ (The Burnout) што излезе од печат лани, и за тоа што обожавателите не ја оставиле да се чувствува осамена по таа сериозна дијагноза.  си/сд/

Фото: Фејсбук, јавна објава

Остани поврзан