Пирц Мусар: Прекин на комуникацијата со Русија е една од грешките на ЕУ
- Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, изјави дека една од грешките на Европската унија била тоа што престанала да комуницира со Русија.
Брисел, 26 мај 2025 (МИА) – Претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, изјави дека една од грешките на Европската унија била тоа што престанала да комуницира со Русија.
Таа за бриселскиот портал Политико изјави дека ЕУ треба да именува група „мудри мажи и жени“ за да почне „тивка дипломатија“ со Русија како прв чекор кон директен дијалог.
Мусар оцени дека одбивањето ЕУ директно да се ангажира со Русија и други земји како Унгарија и Словачка беше една од причините зошто ЕУ „не беше сфатена како политички силна група“.
- Европа наместо тоа треба да ги насочи своите напори кон тоа да биде поканета на преговарачка маса со САД, Русија, Украина. Обидете се, обидете се повторно: Европа нема избор освен да продолжи со ’дијалог, дијалог, дијалог‘ – дури и ако разговорите со Русија сè уште не дале резултати, рече таа.
Пирц Мусар истакна дека го покренала тоа прашање со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на состанок во Брисел.
- Фон дер Лајен ми рече дека работат на тоа, изјави Пирц Мусар.
Политико наведува дека побарал коментар од ЕК, но дека не го добил. јт/