• сабота, 11 мај 2024

Пирес: Би сакал да го видам Мбапе во тандем со Салах

Пирес: Би сакал да го видам Мбапе во тандем со Салах

Ливерпул, 2 април 2024 (МИА) - Килијан Мбапе на крајот на сезоната го напушта Пари Сен Жермен и многу медиуми објавија дека речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. Сепак, некои повеќе би сакале да го видат во Ливерпул.

Еден од нив е легендарниот француски фудбалер Роберт Пирес, поранешен ас на лондонски Арсенал.

-Би сакал да го видам Мбапе во Ливерпул. Тоа е одличен клуб, семејство, добра структура, без тензии, лојални навивачи... И најважното: мислам дека комбинацијата Мбапе-Салах би била вистинска експлозија, прокоментира Роберт Пирес за француските и шпанските медиуми.

Претходно беше најавено дека Мбапе ќе го напушти ПСЖ на крајот на сезоната и дека веќе има договор со тимот од Мадрид, но се чека расплетот во Лигата на шампионите (доколку Реал игра против ПСЖ) за конечно да се потврди трансферот.

Договорот на играчот со парискиот клуб истекува на крајот на јуни 2024 година.

Оваа сезона Мбапе постигна 38 гола и додаде 8 асистенции на 38 натпревари за ПСЖ.дс

Фото: Архива

Остани поврзан