• петок, 22 ноември 2024

Пирес: Бензема заслужува место во националниот тим, без оглед на тоа што се случи со Валбуена

Пирес: Бензема заслужува место во националниот тим, без оглед на тоа што се случи со Валбуена
Париз, 1 ноември 2020 (МИА) - Поранешниот француски репрезентативец Роберт Пирес изјави дека напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема неправедно не добива покани за националниот тим. - Бензема исчезна од репрезентацијата на Франција во 2015 година поради случајот Валбуена. Во 2017 година, судот пресуди дека тој е невин, но тој повеќе не беше поканет во националниот тим. Дали мислите дека ова е фер? Ова е комплексна тема што создаде многу полемики во Франција, и сè уште се водат. Не ме интересира што се случи со Валбуена, но ми се чини дека Бензема заслужува место во француската репрезентација заради она што го стори и прави со Реал Мадрид, изјави Пирес. Според него, но и според многу други фудбалски стручњаци, Бензема е еден од најдобрите напаѓачи во Европа, но селекторот Дешамп го има последниот збор кога се работи за повик во репрезентацијата на Франција. зс/

Остани поврзан