• сабота, 18 мај 2024

Пионерите на Академија Пандев победници на купот „Драган Манце“

Пионерите на Академија Пандев победници на купот „Драган Манце“
Струмица, 22 јуни 2022 (МИА) – Тимот на Академија Пандев, генерација 2010/11, се победници во својата конкуренција на годинашново издание на „Драган Манце“ купот во Белград, Србија. Младите фудбалери на тренерот Васко Тодоров покажаа одлични партии и го подигнаа победничкиот пехар, а Димитар Петров е прогласен за најдобар голман на турнирот. Најмладите „пандевци“ во Белград не претрпеа ниту еден пораз. Во финалето се сретнаа со словенечкиот Марибор и одиграа 2:2, но по изведувањето пенали славеа со 3:1. На турнирот учествуваа 40 екипи од поранешна Југославија, но и од Полска и Молдавија. рт/зс/

Остани поврзан