• четврток, 30 мај 2024

Пиоли: Следат најважните натпревари, време е да ја покажеме нашата сила

Пиоли: Следат најважните натпревари, време е да ја покажеме нашата сила

Милано, 10 април 2024 (МИА) - Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, смета дека сега е време неговите фудбалери да ги покажат своите квалитети на натпреварот против Рома во четвртфиналето на Лига Европа.

„Росонерите“ се во серија од седум победи во сите натпреварувања и се на второто место во Серија А, со веќе 6 бодови повеќе од Јувентус.

-Во добар момент сме, но сега следуваат најважните натпревари во сезоната кои ќе решат како ќе заврши таа. Ова е моментот да ја покажеме нашата сила, да покажеме дека нашето досегашно патување со сите подеми и падови не направи посилни. Тоа зависи само од нас, смета Пиоли.

Милан ќе биде без дефанзивецот Фикајо Томори, кој е суспендиран, но во тимот се вратија Симон Кјаер и Малик Тиау.

Рома пристигнува на „Сан Сиро“ откако го победи Лацио во градското дерби. Милан ја победи Рома во двата нивни натпревари во Серија А оваа сезона. Поразот од 2:1 на „Сан Сиро“ во јануари доведе до отказ на тренерот Жозе Мурињо.

-Мислам дека Де Роси врши одлична работа. Не беше лесно да се победи тим што се брани со многу луѓе во времето на Мурињо, но утре можеби ќе сретнеме различен противник со различни квалитети, смета Стефано Пиоли. дс

Фото: Архива

Остани поврзан