• недела, 22 декември 2024

Пиоли: Почекајте уште малку за да разговараме за мојата иднина

Пиоли: Почекајте уште малку за да разговараме за мојата иднина

Милано, 4 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е категоричен дека не е во преговори со други клубови со оглед на неговото очекувано заминување од „росонерите“. 

Тој увери дека наместо тоа е целосно фокусиран на преостанатите натпревари на тимот, од кои првиот е утрешниот домашен натпревар против Џенова.

-Мораме да имаме волја да ја прикажеме нашата најдобра игра и да победиме. Имаме уште четири натпревари до крајот и второто место не е сигурно. Сепак, оваа задача не треба да ни биде премногу тешка, бидејќи има уште четири кола. Точно е дека за се друго се зборува надвор, но не и за натпреварите, додека во тимот не обрнуваме внимание на овие работи. Наместо тоа, имаме силно чувство на одговорност. Дури по крајот на сезоната ќе размислуваме за иднината, изјави Пиоли.

Вели дека по завршувањето на кампањата ќе се сретне со раководството на клубот и тогаш ќе види што ќе се случи во однос на останувањето. 

- Златан (Ибрахимовиќ) и (Џефри) Монкада беа тука вчера. Мојот однос со управата отсекогаш бил добар и таков ќе остане и по крајот на сезоната. Интерес за мене од други клубови? Чекавте толку долго, ве молам почекајте уште малку за да зборуваме за мојата иднина. Мојата работа овде не е завршена. Можете да пишувате што сакате, јас не можам и не сакам да ги контролирам гласините. Вистината е дека имам уште една година од договорот и не преговарам со други клубови додека сум сè уште под договор, додаде помалку луто Италијанецот. дс

Фото: Архива

Тагови

Остани поврзан