• понеделник, 06 мај 2024

Пинто: Венецуела планира годинава да се приклучи кон БРИКС

Пинто: Венецуела планира годинава да се приклучи кон БРИКС

Каракас, 26 април 2024 (МИА) - Венецуела веќе годинава планира да се приклучи кон групата земји БРИКС и веќе се смета за дел од оваа организација, изјави денеска шефот на дипломатијата, Иван Хил Пинто. 

-Венецуела се чувствува како дел од БРИКС и работи на тоа наскоро да стане полноправна членка, рече Пинто на прес-конференцијата во Каракас, која венецуелската Влада ја организираше заедно со руската Амбасада, пренесуваат руските медиуми. 

Министерот додаде дека БРИКС „е немилитаристички и неагресивен и не ја наметнува својата волја на другите“. 

Пинто го окарактеризира БРИКС како „праведна, взаемно комплементарна“ група и корисен сојуз, што и треба на Венецуела. 

БРИКС е основан во 2006 година и оттогаш двапати е проширен, а моментално има 10 членки. Во 2011 година, Јужна Африка им се придружи на земјите основачи Бразил, Русија, Индија и Кина. Шест земји - Аргентина, Египет, Етиопија, Иран, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати - добија покана да се приклучат на БРИКС минатата година, но Буенос Аирес подоцна објави дека нема да стане дел од групата.сд/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан