• сабота, 21 декември 2024

Пике: Младите луѓе не сакаат натпревари од 90 минути каде што топката е во игра само 50 минути

Пике: Младите луѓе не сакаат натпревари од 90 минути каде што топката е во игра само 50 минути

Барселона, 14 март 2023 (МИА) – Поранешниот фудбалер на Барселона, Жерар Пике смета дека фудбалот во сегашната форма не ја забавува доволно младата публика.

 

- Мислам дека фудбалот, а и воопшто секој спорт треба да се стреми кон забава. Ова е потреба на денешницата. Затоа потребни се промени. Федерациите ги водат луѓе на одредена возраст кои не сакаат реформи. А младите сакаат промени, не сакаат натпревари од 90 минути каде што топката е во игра само 50 минути.

 

Кај многу луѓе веќе не поминуваат тричасовни тениски мечеви со прекини на секои три минути. Слично е и кај кошарката каде има многу тајм-аут... На младите им треба забава, изјави поранешниот дефанзивец на Барселона.

 

За тоа дека Пике е во право говорат и повеќето истражувања низ целиот свет во кои младата популација се изјасни дека сака да гледа повеќе „акција“ на спортските натпревари, а не да „губи“ време на предолги паузи. зс/

 

Фото: ЕПА 

Остани поврзан